Заев на фејсбук: Жалам за интервјуто, ги разбирам емоциите

566

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал, објави премиерот Зоран Заев на фејсбук. Но во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија“, порача денес премиерот Зоран Заев по лавината реакции за неговото интервју за БГНЕС.

-И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување.
Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат. Заради иднината.

Тоа е мојата најдобра намера и таа намера постојано ќе ја застапувам додека постои и најмала шанса за решенија и за успех на нашиот процес за членство во ЕУ ,пишува премиерот на фејсбук,  корегирајќи се во ставот потоа околу антифашистичката борба.

-Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот.Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија.АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет.Но, давањето етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Дали било тоа во бугарски или било кој друг контекст, потенцира премиерот.

Пендаровски: Решение на спорот со Бугарија само со почитување на достоинството на македонскиот народ