Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 16:15 часот во вилата Водно ќе го прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Ова е прва официјална средба мечу претседателот Пендаровски и премиерот Заев. За што ке разговараат на средбата засега не се знае.

Инаку, во вториот круг од изборите Пендаровски победи со освоени 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање, наспроти противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, која освои 377.713 гласови или 44,73 отсто од вкупниот број.

Во 2014 тој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата, но на изборите загуби од Ѓорге Иванов со 398 илјади гласа.

Кога победи на 5 Мај рече дека ќе биде претседател на сите, и претседател кој обединува.