Заев: Мијалков беше принуден да се пријави, бидејќи ќе се преминеше на истрага за блиските и блокирање на имот

111
Фото: П. Стојановски

Премиерот Зоран Заев вечерва откри дека институциите планирале да покренат истрага против блиски на Сашо Мијалков за помагање и организирање на бегство, како и блокирање на сметки и имот. Со ова, го принудиле Мијалков сам да се пријави.

-Во претходна координација со неговите адвокати, се организираше да се јави во ОЈО. Инструкциите по оваа координација беа дадени во функција на имплементирање на закон. Организирање и помагање на бегство, тоа е кривично дело. Се одговара согласно закон. Организирање прават обезбедување, членови на семејство. Се дадоа сериозни наредби да се постапи токму по нив, со пломбирање на имот, блокирање сметки и жолти траки на Мериот. Не се тоа закани, институциите си постапуваат според закон. Веднаш се слушна дека нема отстапки. Самите институции не го најдоа Сашо Мијалков, нападнаа по блиски, по имот, и тој сам се пријави. Беше принуден да се пријави и да не продолжува да бега. Институциите постапија по закон, рече Заев.