ЗАЕВ: Македонскиот фудбал е национална гордост!

103

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Холандија во живо го следеше и премиерот Зоран Заев кој беше гостин на холандскиот премиер Марк Руте.

  • Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација.
    Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – 🇲🇰 е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество.
    Благодарност и до УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација. Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост.
    Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша Заев на својот фејсбук профил.

ФОТО: П.Стојановски