Оливер ги казни: Заев и Филипче носат маски, ама не носат кациги

465

Премиерот Зоран Заев, вице-премиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противвредност за сторен сообраќаен прекршок.

МВР ги казни тројцата функционери за сторени сообраќајни прекршоци, пренесува порталот Центар откако беше објавено видео на кое се гледа дека премиерот не носи заштитна кацига додека управува со мотор. За неносење кацига е казнет и Венко Филипче. Николовски исто е казнет за кацига, на мотор, каде што бил совозач.