Заев и Бесими ќе ги презентираат предлог измените на Законот за финансирање на општините

28

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на прес-конференција ќе го презентираат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Како што соопшти владината прес-служба, предложените измени се во насока на подобрување на фискалниот капацитет за зголемување на приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, а со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.