Заев им вети на бизнисмените целосна посветеност на економијата

58

Владата во наредните четири години да се стави приоритет на економскиот аспект со цел да се излезе од состојбата поради ковид кризата, како и да работи на институционални реформи, ефикасно менаџирање на буџетот, борба против корупцијата, спречување на сивата економија и на иселувањето на младите, побараа бизнисмените од Стопанската комора на Македонија, МАСИТ и Комората на Северозападна Македонија на денешната средба со новозибраниот економски тим на Владата.

Премиерот Зоран Заев упати порака за целосна посветеност на Владата на економијата, јакнење на компаниите, извозот, за стабилна даночна политика…

На средбата на првиот работен ден на Владата, разговарале за итните приоритети за поттикнување на економскиот раст и следните пакети со мерки за помош на стопанството во услови на ковид кризата, важноста на реформите во правосудството како поддршка на економијата, како и продлжувањето на процесот на десентралзиацијата, најавениот попис.

-Испраќаме порака за доминантен фокус на Владата на економијата, економскиот стандард на нашиот народ, севкупен економски раст и развој затоа што нивото на кое сме дојдени навистина е „напеналено“, а пред нас е неповторлив период кој мораме да го искористиме. Испративме порака за предвидливост во периодот кој претстои, ќе има е стабилен период без предвремени избори, четиригодишен,  многу значаен за домашната економија која ќе може да прави планови за свој динамичен раст и развој и да ја има предвид превдивоста за кои било идни инвестициски или кои било активности на бизнис секторот, изјави по средбата Заев.

Испратена е и порака за стабилна даночна политика. – Даноците остануваат стабилни,  за секоја промена ќе има дискусија, изјави Заев, потенцирајќи дека промените ќе бидат во наска на намалување и оти за тоа се остава период од година до година и половина.

Следуваат, како што најави, нови пакети мерки за помош на стопанството во есенско зимскиот период кои ќе ги димензионираме заедно со коморите за да се максимизираат сите ефекти. Досегашните мерки, оцени, дадоа резултати.

Тој ја потенцираше и важноста на реформите во правосудниот систем, затоа што, како што рече, ако правниот систем биде европоски и стегнат и економијата ќе биде подвижечка и посилна.

– Претстои период на работа дома, денеска можеме да кажеме дека е првиот работен ден на Влада која нема на агендата меѓуетнички проблеми,  тие се решени, сите граѓани се еднакви и сакаат економија, сите соседи ни се пријатели. Ова мора да донесе повеќе економија, денеска сме членка на НАТО, пред нас е отворањето на преговорите, рече Заев порачувајќи дека имаме неповторлив период пред нас кој треба да се искористи.

Како што истакна Неби Хоџа од Комората на Северозападна Македонија економија,  разговарале за итните приоритети што треба да ги преземе новата Влада со цел да се поттикне економскиот раст и развој, а истовремено да се запазат мерките од пандемијата.

-Почнавме да разговараме за една Влада која ќе биде економски насочена, која ќе има приоритет да работи во интерес на економијата од која очекуваме да бидат со принципиелни, одговорни, професионални и отчетни кадри со контретна мисија и цели кои ќе имаат задача да работат со соработка и согалсност со бизнисот и исклучиво на европската трансформација на змејата, изјави Хоџа.

На новата Влада и посака успех и во име на бизнис заедницата и порача во наредните четири години да се стави приорит на економскиот аспект со цел, како што рече, да се излезе од состојбата поради ковид кризата, како и да работи на институционални реформи, ефикасно менаџирање на буџетот, борба против корупцијата, спречување на сивата економија и на иселувањето на младите…