Заев за весникот Вечер: Нема причини за нова вонредна состојба, избори на 5 јули

1274

Вонредната сосотојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи 4ти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за весникот Вечер.

Нема никакви причини владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5ти јули, изјави заев за весникот вечер.

Вонредната сосотојба, потенцира претседателот на СДСМ, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од корона вирусот. (Ј.Ц.Г.)