СДСМ е  одговорна партија, ние сакаме консензус за важни прашања, како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни. Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Верувајте ние најмногу сакаме да дојдеме до консензус, изјави за весникот ВЕЧЕР, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-И до дега правевме се и ќе продолжиме и натаму да вложуваме максимум за заеднички договор. Не е добро ниту за ДПМНЕ, ниту за нас, а ни за државата да нема консензус за вакви прашања. Но, ако сепак ДПМНЕ инсистира да нема датум за избори, тогаш по сила на закон, изборните рокови го проектираат 21 јуни како изборен ден, тука веќе работите не зависат од нас, туку од законите, изјави Заев, за весникот ВЕЧЕР, откако вчера лидерите на политичките партии кај претседателот Пендаровски не се договорија за датум за предвремени парламентарни избори.

Ј.Ц.Г.