Дома МАКЕДОНИЈА Заев: Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева 

Заев: Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева 

192

Eдинственото прашање кое сѐ уште е нерешено помеѓу власта и опозицијата околу Законот за СЈО е тоа дали Катица Јанева да остане или не на чело на специјалното обвинителство, рече вчера премиерот Зоран Заев во интервјуто за телевизијата „Клан Македонија“.

Нема да чекаме до „5 до 12“, мандатот на СЈО истекува до 15 септември. Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име. Тоа треба да го решиме, не заради Европската унија, заради дома треба да го решиме. Компромисите нема да се прават на сметка на правдата. Работните групи ќе работат, има волја од двете страни, треба да се седне и да се најде компромис час поскоро. Не функционира до крај правосудниот систем во Северна Македонија заради ова нерешено прашање. Не со полн капацитет и со неизвесна иднина, рече премиерот Заев

Тој додаде дека ги знае ставовите на лидерите на сите параментарни партии по ова прашање и очекува да се пронајдат контурите на политичкиот договор за иднината на СЈО до крајот на јули.