Заев денеска ќе ја објави “метлата” број 2

93

По разрешувањето на неколкумина министри, разместувањето на дел од нив и назначување на нови, денеска ќе бидат соопштени оставките на функционерите од вториот и третиот ешалон и нивните наследници. Премиерот Заев најави дека ќе има смени на заменици министри и директори на институции и дека очекува целиот процес да заврши до крајот на јули. Веќе е закажана прес конференција на премиерот за претпладнево.

– Се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво. Веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Има подрачни единици, замениците, тоа се веќе испразнети места, непополнети кои што ќе завршат во овој период на јули. Идната недела веќе ќе одиме со следниот чекор, изјави Заев при посетата на Стоби. 

Премиерот посочи дека со смената на замениците министри и директорски места во подрачните единици во државата ќе заврши самата реконструкција. Премиерската „метла“ беше најавувана уште за времето на претседателските избори.