Заев: Груевски беше слободен човек, а Обвинителството не утврди вина за бегството

79

Премиерот Зоран Заев вели дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски затоа што за никого не била утврдена вина.

– Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија – рече Заев во интервју на ТВ 24.