Заев го жртвува Филипче, Алтернатива ги добива здравство, администрација и МЕПСО?

1220

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на вечерашната седница на Централниот совет  на партијата пред членовите ја презентира понудата на премиерот Зоран Заев за Алтернативата да стане дел од Владата.

Партиското тело меѓу другото ќе расправа и за ресорите што Заев му ги понудил на Гаши. Станува збор за два ресора – здравство и информатичко општество, како и тројца заменици министри, дознава Алсат.

Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали. Гаши планира Министерството за информатичко општество и администрација да му го довери на огранокот на Алтернатива во Куманово.

За имињата од вториот ешалон, неофицијално се очекува партијата на Гаши да го предложи Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Заев и Гаши досега одржаа три средби на кои разговараа за понудата и принципите за влез на Алтернатива во Владата. Но, по средбите Заев и Гаши не открија детали. На последниот состанок во Клубот на пратениците, Гаши кусо изјави дека има позитивен напредок во разговорите.