Дома МАКЕДОНИЈА Заев во интервју за америкaнски медиум: Владата ќе падне ако нема датум...

Заев во интервју за америкaнски медиум: Владата ќе падне ако нема датум за преговори

120

Во интервју за американската јавна радио станица ПБС премиерот Зоран Заев вели дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија ќе ја урне неговата Влада.

Лајвсеј: Имате европско знаме тука?

Заев: Да, тоа ни е следниот чекор. Европска Унија мора да донесед одлука. Ние донесовме одлука од наша страна, сега тие мора да донесат одлука, Заев вели во разговорот со ПБС.

Новинарот Кристофер Лајвсеј вели дека „премиерот Заев има и подирекна причина да е загрижен – одложувањето на датумот за преговори ќе предизвика контрареакција која може да му ја дестабилизира коалицијата и да ја урне Владата“.

Лајвсеј: Владата ќе ви падне во тој случај?

Заев: Да, секако. Мнозинството ќе биде целосно загубено.

Лајвсеј: Значи влоговите се високи?

Лајвсеј: Многу високи.

Во репортажата на ПБС се вели дека кампањата на Заев за преименување на Македонија била контроверзна и потврдува дека земјата се соочува со проблеми, по апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева.