Заев: Верувам дека не е возможно ништо што еколошки е недозволиво да влезе во државата

63

Верувам дека не е возможно ништо што еколошки е недозволиво да влезе во државата, истакна премиерот Зоран Заев во врска со информациите за влез на камиони во земјава што соджат отпад.

– Јас токму од медиумите прочитав и видов слики како се увезува отпад којшто се користи како енергенс во енергетиката. Ја видов и реакцијата од страна на Усје, посочија дека се обезбедени сите еколошки елаборати и слично. Ние како Влада ги правиме сите можни анализи и истражувања на било што во земјата кое што влегува, пред се од еколошки аспект. Знам дека инсепекциите од државните органи го проверуваат токму и ваквиот случај, ќе дадат и тие институционална информација, но, верувам дека не е возможно ништо што еколошки недозволиво да влезе во државата, заради тоа што се работи за камиони, колку што можев да видам, така да верувам дека само еколошки одобрените продукти можат да влезат во нашата земја, нагласи премиерот.

Премиерот Заев, во врска со еко-акцијата посочи дека администрацијата треба да биде позитивен пример.

– Државата има стратегија за регулирање на отпадот, собирањето, транспортирањето и депонирањето на отпадот тоа е работа на јавните комунални претпријатија на локалните самоуправи. Ние почнавме заедно со општините и со Зелс за регулирање на сите отворени депонии заради тоа што во државата веројатно е познат податок дека нема ниту една легална депонија, сите се на некој начин нелегални или полулегални. Затоа Скопје е влезен во сериозни постапки за организација на депонијата во Скопје, Североисточниот и Истолниот регион заедно се во гранд од околу 37 милиони евра со Евопската комисија која што во Светиниколскиот атар ќе биде организирана фабриката за обработка на отпадот, зборуваме за фабреики коишто целосно го обработуваат отпадот, појасни премиерот.

Информираше дека во моментот се прават студиите во другите четири региони.

– Европската банка за обнова и развој ги прави комплетните студии со документации со договорот за концесии и јавни приватни партнерства којшто треба да бидат изработени. И на крајот останува осмиот Полошкиот регион, таму Швајцарската амбасада и швајцарските институции дадоа сериозен гранд за создавање на таа документација. Тоа е дел од самата стратегија. Државата ќе ги решава депониите по пат на јавно приватно партнерство и концесии, истакна Заев.