Заев – Брегу: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата

29

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, на која била истакната важноста на постојано унапредување на регионалната соработка меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците, земајќи ги предвид потребите во делот на  економскиот развој, подобрување на конкурентноста, унапредување на дигиталната инфраструктура и вложување во слободен проток на трговија.

Премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, изразил уверување дека Владата гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ, унапредување на меѓуетничките и добрососедските односи и продолжување на напорите за економски раст и развој  и успешно справување со светската пандемија на вирусот КОВИД-19.

 

На средбата, исто така, биле истакнати и повеќе активности на Советот за регионална соработка, насочени кон олеснување и унапредување на регионалната соработка со цел остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата земја, која е посветена на одржување на пријателски односи со соседите и надминување на економско-здравствената криза.