Заев: Ако нема Закон за ЈО, Собранието нема да се распушти

59

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска најави дека доколку опозицијата го блокира изјаснувањето на Собранието за законот за ЈО, распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот ќе се одложат, пренесува 360 степени. Но, не и самите избори.

„За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А, на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони“, изјави денеска Заев по сведочењето за случајот „Монструм“.