Зад воланот на излетаниот полски автобус бил 72-годишен возач – не бил под дејство на алкохол или дрога

538

Возачот на полскиот автобус кој изгубил контрола над возилото на автопатот во Хрватска имал 72 години, неофицијално дознава ХРТ од извор близок до државното обвинителство во Вараждин. Возачот Возачот на полскиот автобус имал 72 години, не бил пијан, ниту дрогиран и не боледувал од акутни заболувања.

Портпаролот на обвинителството, Дарко Галиќ, изјави дека се собираат информации за самиот пат и за сите настани кои му претходеле на излетувањето на автобусот од автопатот. Според него, најважна е обдукцијата на загинатиот возач и информациите што ќе се добијат за неговата состојба и додаде дека неспорно е утврдено кој возач го управувал автобусот во моментот на несреќата.

„Возачот бил на возачкото седиште и врзан со појас“, изјави Галиќ.

Во сообраќајната несреќа загинаа 12 лица, а 32 се повредени. Направени се обдукции на жртвите и се собираат податоци за патот на автобусот и за сите настани кои му претходеле на автобусот да излета од патот.

Портпаролот рече и дека обвинителството треба да утврди дали е сторено кривично дело и кој евентуално го сторил, а потоа ќе се донесе одлука бидејќи против лице кое не е живо не може да се води кривична постапка.

По собирањето на сите податоци, обвинителството ќе одлучи дали постапката ќе се води во Хрватска или во Полска, имајќи предвид дека сите жртви се полски државјани.

Сопственикот на автобусот по несреќата во Хрватска: „Не ме мачете мојот живот е уништен“