Сопругата на еден од најдобрите пливачи во историјата, Мајкл Фелпс, Никол, ја отвори душата во интервју за американскиот медиум „Тудеј“ и призна дека стравува за својот сопруг, кој падна во депресија.

Пред некое време, Мајкл изјави дека смета дека никогаш нема да се излечи целосно од оваа состојба, па дури и призна дека се плаши за својот живот поради мислите што повремено му паѓаат на ум.

  • Јас сум некој кој поминал најмалку три или четири периоди на многу тешка депресија по Олимписките игри и го ставив животот во опасност, истакна Фелпс.

Сопругата со која има три деца, Никол Фелпс откри дека се плаши секој ден поради болеста на нејзиниот сопруг. Таа го имаше и примерот на Ванеса Брајант, која го загуби сопругот, кошаркарот Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа пред неполна една година.

  • Кога видов како е Ванеса кога го изгуби Коби, сè што можев да сторам е да го погледнам Мајкл и да му речам: Можеме ли да ти помогнеме? Затоа што ако те изгубам, не знам што ќе правам, објасни поранешната „Мис на Калифорнија“.
  • Мајкл е најневеројатниот татко и сопруг што можев да го најдам во мојот живот.

Таа работи напорно секој ден и му помага на сите начини, но сфати дека тоа може да го стори само до одредена мера.

  • Порано мислев дека можам да му помогнам како терапевт што му беше потребен. Сепак, она што го научив е дека не можете да знаете како се чувствуваат таквите луѓе, колку и да сакате. Децата се тие кои му носат насмевка на лицето и среќа, како и јас, а без нивна помош тешко дека ќе можам да го издржам сето ова, објасни Никол.

Од друга страна, пандемијата на коронарниот вирус само ја влоши состојбата на Мајкл, а тоа го откри пред еден месец во интервју за еден американски весник.

  • Никол ме сака и сака да ми помогне да се опоравам. Сепак, таа се бори сама. Таа исто така има потреба од поддршка бидејќи знам дека и е тешко, призна Фелпс пред да додаде дека поминал низ „застрашувачки подеми и падови“.