Шок за атлетиката и воопшто за светскиот спорт. Олимпиецот и познат спринтер Дион Лендор (30) загина во тешка сообраќајна несреќа во Тексас.

Според соопштението на полицијата, освојувачот на олимпискиот медал во Лондон во 2012 година го управувал автомобилот со кој удрил во друго возило кое се движело во спротивна насока.

За жал, неговата смрт била констатирана веднаш на местото на несреќата, а возачот на другиот автомобил, 65-годишна жена, со повреди е префрлена во блиската болница.

Лендор го претставуваше Тринидад и Тобаго на Олимписките игри во 2012, 2016 и 2021 година, а неговиот најголем успех – олимписка бронза и сребро од Светското првенство во 2015 година – го постигна со трчање во штафетата 4х400 метри. Исто така, на Светското првенство во сала во 2016 и 2018 година беше бронзен во трката на 400 метри.