Загина Коби, а Би-би-си го погреба Леброн Џејмс (ВИДЕО)

70

Голем скандал се случи по падот на хеликоптерот, во кој загина легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант и неговата тринаесетгодишна ќерка Џијана.

Имено, светско познатата телевизија Би-би-си веста за оваа трагедија објави видео од живиот и здрав – Леброн Џејмс. Уредниците на Би-би-си веднаш по овој скандал испратија извинување поради кардиналната грешка.

Инаку, еден ден пред загинувањето на Брајант, Леброн Џејмс го мина на листата на најдобри стрелци во НБА-лигата, поради што Коби му честиташе за големиот дострел на социјалните мрежи, а воедно тоа беше една од последните пораки на поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс.