Стравична несреќа се случи во пресрет на осминафиналниот натпревар на Африканскиот куп на нации помеѓу Камерун и Комори.

Имено, беше соопштено дека најмалку седум лица се погинати пред стадионот во Хуанде. Несреќата се случила додека навивачите се обидувале да влезат на стадионот за да го проследат натпреварот, а новинската агенција „ЛСИ Африка“ тврди дека во стампедото загинале седум лица, а многумина се тешко повредени. Тешко повредените се пренесени во болницата Месаси, на три километри од местото на настанот. Меѓу повредените имало и деца.

Инаку, Камерун го доби натпреварот со 2:1, совладувајќи го тимот на Комори, кој остана со десет играчи во седмата минута.