Загинаа двајцата патници во приватниот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот остров Самос

168

– Во малиот приватен авион „Цесна Ц182“ што вчера, по 20 часот се урна во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, а полетал од Израел, се превезувале две лица, чии безживотни тела синоќа беа извлечени, а причините за несреќата сè уште се непознати, јави дописничката на МИА од Атина.

Од агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопштуваат дека приватниот авион со двајца патници полетал од израелскиот град Хаифа, а според доставениот план за летање требало кусо по 20 часот да слета на аеродромот на Самос, но непосредно пред слетувањето се загубила комуникацијата со контролата на летање и веднаш бил информиран Центарот за истрага и спасување.

Надлежните органи започнале спасувачка акција во морскиот дел јужно од аеродромот на островот за пронаоѓање на авионот и патниците, а крајбрежната служба ги пронашла и извлекла двете безживотни тела.