Утре ќе се знае која компанија ќе го донесе јагленот од Косово

116

Заврши јавниот повик за набавка на 1,2 милиони тони јаглен, со кои ќе се амортизира енергетската криза. ЕСМ не открива колку и кои компании доставиле понуди на јавниот повик за набавка на јаглен само го оценува тендерот како успешен, ново пролонгирање нема да има. Денеска ќе се отвараат понудите, а утре ќе се знае која компанија ќе биде избрана да го донесе јагленот од Косово.

Од ЕСМ веќе еднаш го прологнираа рокот, тој првично требаше да заврши на 13, но по барање на компанииите беше продолжен.

За задоволување на потребите и за стабилни цени на струјата државата одлучи да го активира и третиот блок на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, а оставија отворена можност и за активирање на ТЕЦ Неготино.

До првиот рок за достава на понудите, се јавија фирми од Македонија, Грција и Косово, а проценките се дека набавката на јаглен ќе чини над 50 милиони евра.