Заврши јавниот повик за субвенции за велосипеди

51

Општина Карпош ги известува сите граѓани дека заврши јавниот повик за субвенционирање на нови велосипеди. Имено, исцрпени се средствата од 500.000 денари, кои ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Оваа година, субвенција за велосипед ќе добијат околу 150 граѓани.

Локалната самоуправа покрива дел од трошоците, во износ од 30 отсто од сумата на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари.

Од оваа година, граѓаните за прв пат имаа можност да аплицираат по електронски пат, преку мобилната апликација за iOS и Android, „мЗаедница“.

-По дигитален пат пристигнаа 130 барања, а преку архива беа примени 50 барања. Граѓаните дополнително ќе добијат решение за доделување на средства-потенцираат од Општина Карпош .