Заврши меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“

53

Со заминувањето на уметниците беше означен крајот на првиот дел годинешното издание на меѓународната колонија „Гостивар 2020“. Организаторите, Здружението на ликовни уметници „Драудакум“ најавија дека вториот дел од колонијата и творењето на уметничките дела ќе трае до 14 август по што ќе се организира онлајн изложба.

Годинешното петнаесетто издание има најмногу учесници, но поради пандемијата повеќето, нивните дела ќе ги создаваат во други услови. Помладите уметници, од петокот до денеска твореа во хотелот „Панорама“ во близина на Гостивар.

Претседателот на Здружението „Драудакум“, Решат Амети, рече дека уметничката колонија е голема вредност за градот Гостивар и воопшто за земјава, па затоа решиле оваа година да ја одржат и покрај условите кои ги наметна пандемијата.

– Наметнатите услови ја подигнаа креативноста и кај нас и кај учесниците. Годинава колонијата е поставена на три нивоа. Творење во заеднички простор, тука во хотелот беа помалку ризичните според возраста беа, а повозрасните и оние кои не можеа да допатуваат, твореа во нивните ателјеа и домови. Со третото ниво и преку онлајн алатките вклучивме и многу артисти од странство. На ваков начин освен квантитативно, колонијата доби и на квалитет според реномето на уметниците, изјави за МИА проф. Решат Амети претседател на ЗЛУМ „Драудакум“

Годинава на колонијата учествуваат 70 уметници од дваесетина држави кои преку видеопораки и фотографии го прикажуваа нивното творење.

По завршување, ќе се организира групна изложба која ќе може да се следи и види на социјалните мрежи и популарните интернет канали.

Годинава, освен акрил и масло на платно, уметниците ќе творат и во областа на фотографијата, графиката, а ќе има и видеоперформанси. Темата беше слободна и оставено е на уметниците да креираат според сопствените визии.

Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2020“ е поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.