Завршено снимањето на долгометражниот игран филм „Празникот на хризантемите“

30

Во земјава заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ („Chrysanthemum day“) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на „Mainstream Pictures LLC“ од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, информираат продуцентите.

Тие информираат дека дел од сцените на филмот биле снимени во Спомен костурница-Велес и Македониумот во Крушево.

По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена, велат од ОПИУМ Филм.

Оттаму појаснуваат дека филмот е научно фантастична-дистописка драма, за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе“, позната како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на нејзиното враќање на меморијата.

На овој филм како прв од овој жанр што се снимаше во РСМ, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од Ковид-19 учествуваа над дваесетина филмски професионалци од Македонија и над тресет филмски автори и работници од Украина, велат од ОПИУМ Филм.

Од продукентската куќаа додаваат дека филмот ќе се снима на повеќе етапи на локации во Украина, РСМ, Босна, Србија и Хрватска.

-„Празникот на хризантемите“ е меѓународна ко-продукција помеѓу Украина, РСМ, Србија и Хрватска. Моментално филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од постпродукцијата на филмот ќе се работи во РСМ, соопштуваат од ОПИУМ Филм.

Извор:МИА