Завршена реконструкцијата на стационарот за бездомни животни

121

Долгоочекуваниот проект за изградба на стационар за бездомни животни во Вардариште е завршен, а неговото официјално отворање ќе се случи наскоро.

Инаку, со овој зафат се изврши целосна реконструкција на стационарот „Вардариште“, поточно целосна реконструкција на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи, реконструкција на кровот, поставување на изолација и фасада која воопшто ја немало досега.

Во новиот објект има ветеринарна амбуланта, како и административен дел за кадарот да може во достоинствени услови да одговори на своите работни задачи.

Околината околу објектот е целосно расчистена и тука е предвиден парк за кучиња, терени за ресоцијализација на трауматизирани кучиња како и нов пристапен пат. Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот во Вардариште, покрај подобрувањето на условите, се зголемува и капацитетот од 81 внатрешен бокс на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење. Дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња со што капацитетот е дуплиран.