Зависноста од шеќер поприма размери на глобална епидемија, сметаат стручњаците. Човечкото тело не е програмирано за внос на големи количини на шеќер и маснотии. Тие намирници освен што му штетат на организмот, со тек на времето созадаваат и зависност, односно стануваат нешто што телото го бара и тоа во се поголеми количини.

Просечен човек од земјите од западниот свет, за една година изедува меѓу 60 и 70 килограми рафиниран шеќер, а во текот на животот околу пет тона.

Резултатите собрани со тестирање на животни покажуваат дека по внесување на поголема количина шеќер во организмот доаѓа до промени во мозокот кои се многу слични на оние што се појавуваат по конзумирање на дрога.

Кои се знаците што укажуваат на зависност од шеќер?

1.Чувство на умор после секое јадење

Додека шеќерот дава привремено чувство на енергија, нуспојава од процесот е голем пад на шеќерот кој резултира со чувство на умор. Луѓето кои не внесуваат прекумерни количини на благо немаат такви скокови на шеќер во крвта.

2.Промена на расположение и склоност кон депресија

Овие промени најчесто се поврзуваат со последиците од зависност од шеќер, која предизвикува раздразливост доколку на телото му е ускратено она на што сме навикнати дека му е потребно.

3.Надуеност

Задржувањето на гасови и дигестивните проблеми не се само последица на недоволен внос на растителни влакна, туку и на претеран внос на шеќер што може да доведе и до болка по јадењето и очигледна надуеност на стомакот поради оптоварувањето што го предизвикува неговото варење.

4.Вишок на килограми, посебно во пределот на стомакот

Таложењето на килограмите посебно во специфичната зона на стомакот, последица е на внос на премногу шеќер. Тоа не е нужно само последица од шеќерот во разни десерти, туку и на шеќер во газираните пијалоци, во пецивата и тестенините и во брзата храна.

Како се лекува зависноста од шеќер?

Во истаржувањето спроведено на Универзитетот принстон во САД, се покажало дека глувците кои развиле зависност од шеќер потоа поминуваат низ фаза на одвикнување. Користењето на методи на одвикнување предизвикувале физички потешкотии какви што се јавуваат при одвикнувањето од наркотици.