Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража

92

Поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвика помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат” препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

Синоптичарите за попладнево најавија повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер.