Една од најатрактивните кошаркарки во светот, Србинката Милица Дабовиќ, изнесе низа жешки обвинувања на сметка на селекторката на српската кошаркарска репрезентација Марина Маљковиќ.

Маљкович на оваа српска копшаркарка не и испрати покана за настап во репрезентацијата, а тоа многу ја погоди Милица, која се одлучи да изнесе во јавност.

Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, напиша тешки збоорови за предводничката на српската репрезентација.

  • Јас и приидов и гордо и кажав дека дека сакам да се вратам и да играм за репрезентацијата во Белград. Ќе бидам подготвена, сакам да тренирам и да гинам на паркетот. Во едем здив ми одоговри дека нема да играм и дека повеќе нема потреба да играм кошарка, напиша Дабовиќ и додаде како Марина ја прашала дали добро стои финансиски.
  • И реков дека се враќам на теренот поле пораѓајот и дека парите ќе си ги заработувам со својот труд. Го држев четиримесечниот син во раце, а таа ладно ми реле: Заборави на кошарката, пробај се во проституција во Турција за да дојдеш до пари, а јас ќе те вработам за две години.

Кошаркарките на Србија на неодамна завршеното Европско првенство во Белград го осовија бронзениот медал.