Забавно анимирано видео ја покажува историјата на алкохолот

87

Алкохолот е присутен на Земјата многу подолго од човечкиот род. Создаден е од плодовите на овошјето што ги консумирале бактериите и така започнале посебен процес на ферментација.

Подоцна, луѓето почнале да го користат тој процес во своја полза, а воедно и го унапредиле. Први кои се занимавале со тоа биле старите Египќани, кои одгледувале  житарици и правеле пиво од нив, кое им го давале на работниците како дел од платата. Во Јужна Америка произведувале „чича“, течност мешана со халуциногени растенија, а Грците подоцна ги лекувале пациентите со вино.

Сето ова е само дел од ова анимирано видео, кое ни покажува како се развивало производството и употребата на алкохол, од неговата појава до денес.