Жртвите во “камионот на смртта“ биле Кинези: Кина бара строга казна за виновниците

112

Британската полиција соопшти дека 39-те лица, кои беа пронајдени мртви во камион-ладилник во близината на Есекс, се државјани на Кина.

Веднаш по оваа објава, кинеските власти побараа од Велика Британија строга казна за виновните за смртта на 39 кинески државјани најдени во „камионот на смртта“. во близина на Лондон. Полицијата засега го сомничи возачот на камионот за убиство, но се уште нема обвинение против него. Се води истрага за тоа како починале и кој бил вмешан во трговијата со луѓе.

Осум од жртвите се жени, останатите се мажи. Британските власти велат дека процеост на идентификација ќе потрае некое време, додека завршат со обдукции за да се утврди како точно починале.

Од кинеската амбасада во Лондон соопштија дека испратила тим на местото каде се пронајдени телата.