Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија не сака да премине во редовите на Јувентус бидејќи, како што пишуваат повеќето италијански медиуми, причината за тоа е неговата сопруга Жоргелина Кардозо. Нејзе не ѝ се допаѓа Торино, па инсистира нејзиниот сакан да потпише за Барселона. Поради тоа, челниците на „старата дама“ размислуваат да се повлечат од преговорите со аргентинскиот фудбалер.

Инаку, Ди Марија моментно е без ангажман откако неодамна го напушти ПСЖ.