Жонглери, проекции, концерти, читања… утревечер на Бела ноќ

206

Бум од уметнички настани ќе се случи утревечер, во рамките на настанот „Бела ноќ“, кој ќе се одржи на десетина локации, при што скопјани ќе уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и во перформанси.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“, каде што ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, а ќе има и жонглерско шоу, концерт на Мијата. Камерниот оркестар на Битола ќе се претстави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.

Во Кинотеката ќе се одржи фестивалот „Десонанз“, каде што ќе презентира македонската електронска сцена, видеоарт и ќе бидат прикажани филмови од Кинотеката. Во Градскиот парк, кај фонтаната, ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – Пајакарт“, групна изложба на 13-мина домашни автори од различни ликовни изрази.

Програмата ја збогатуваат и други културни институции. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии.