Жителите на улицата „Петар Ацев“ во Аеродрoм, денеска без вода

140

Корисниците лоцирани на улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром денеска од 13:20 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Петар Ацев“, број 12, во населбата Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.