Живот во изолација – не ни знаеле дека имало Втора светска војна / ВИДЕО

296

Веројатно сте слушнале за приказните за јапонски војници кои повремено знаеја да се појават од џунглите, несвесни дека војната е завршена, но ова е уште поневеројатна приказна – приказна за семејство кое не ни знаело дека имало Втора светска војна

Сибирската тајга е едно од најизолираните места на светот, а освен тоа теренот е
многу незгоден за патување, а речиси е невозможно место за живеење. Кратките
лета и долгите зими речиси секаде оневозможуваат таму да се населат луѓе, па
затоа тајгата во Сибир е едно од најголемите ненаселени подрачја на светот.

Подрачјето од 8,1 милион квадратни километри покрива дури 10 отсто од
Земјината копнена површина, но тука главно живеат мечки и лисици, а ноќе ловат
волци.

Просечната температура е минус 5 степени Целзиусови, а рекордната измерена
температура е 67,7 степени под нулата.

Веројатно сте слушнале за приказните за јапонски војници кои повремено знаеја
да се појават од џунглите несвесни дека војната е завршена, но ова е уште
поневеројатна приказна – приказна за семејство кое не ни знаело дека имало
Втора светска војна.

Неверојатната судбина го оставила несвесно семејството кое поминало 40 години
во пустелиите на Сибирската тајга, а на нив случајно наишле геолози истражувачи
во 1987 година.

Научниците дознале дека семејството Ликов живее во целосна изолација веќе со
децении. Тие припаѓале на „Старите ритуалисти“, огранок на Руската православна
црква кој од матицата се издвоил кон средината на 17 век поради осуда на
реформите.

Пред 1936 година семејството живеело во населениот дел на Русија, но откако
едниот од браќата бил убиен од советска патрола, таткото Ликов го собрал
семејството и побегнале длабоко во сибирските тајги, а од тој ден повеќе никој не
ги видел.

Така, повеќе од 40 години, Карп Ликов живеел во дрвена колиба, која самиот ја
изградил со сопругата и децата, на само неколку километри од границата со
Монголија.

Кога решиле да заминат во тајгата биле четворица – Карп и жена му Акулина,
синот Савин и ќерката Наталија. Во дивина се родени уште две деца, Дмитриј во
1940 година и Агафија во 1943. Имале книги за молитви и стара Библија, од која
децата учеле да читаат и да пишуваат.

Јаделе бобинки, одгледувале сопствен зеленчук и шиеле облека од ткаенини кои
самите ги изработувале. Научиле како да ловат без пушки, но и без стрели. Кога
Дмитриј пораснал станал вистински експерт за лов, до толку добар што и зиме
босоног ловел наоколу.

Кон крајот на 1950-тите, како последица од исклучително тешка зима, семејството
се соочило со глад, а Акулина се разболела и умрела, оставајќи го сопругот сам со
децата.

Кога во 1978 година биле пронајдени од геолозите, научниците не можеле да
поверуваат дека некој преживеал во тие услови, кои буквално изгледале како од
средниот век. И покрај годините поминати во изолација, Карп љубезно ги
пречекал и одбил сè што му понудиле геолозите, освен сол – оти не вкусиле сол
повеќе од 40 години.

Научниците и ги информирале. Семејството немало поим дека имало Втора
светска војна, дека луѓето стасале до Месечината, а се крстеле пред модерните
чудесија кои геолозите ги носеле со себе. Карп бил особено фасциниран од
проѕирната фолија што ја носеле истражувачите.

-Господи, што е тоа, ем е стакло ем се тутка, се чудел Карп.

Есента 1981 година три од четирите деца – Дмитриј, Наталија и Савин, умреле за
само неколку дена, покажувајќи ја својата поврзаност. Двајца умреле од
откажување на бубрезите, а Савин од пневмонија.

Геолозите неколку пати доаѓале во тајгата и го наговарале Карп со ќерка му
Агаифа да се преселат кај роднини, кои живееле околу 240 километри потаму, но
тие одбивале. Карп умрел во февруари 1988 година, а единствената преживеана
ќерка Агаифа останала сама во дрвената колиба и принудена да се снаоѓа во
дивината.