Животот на земјата станува „пекол“: Двојно повеќе денови над 50 степени во светот

240

Во споредба со резултатите од мерењата од 1980 година, поради климатските промени, бројот на топли денови во светот е двојно зголемен, а температурите достигнуваат и до 50 Целзиусови степени.

Високите температури денес влијаат на повеќе области во светот отколку порано, што е невиден здравствен предизвик за луѓето и удар за нашиот начин на живот, откри глобалната анализа на Би-Би-Си.

Вкупниот број денови со температури над 50 Целзиусови степени се зголемува во секоја деценија од 1980 година.

Помеѓу 1980 и 2009 година, температурите во просек изнесуваа 50 степени околу 14 дена во годината, но овој број се искачи на 26 дена годишно помеѓу 2010 и 2019 година.

– Ова зголемување може 100 проценти да се припише на согорување на фосилни горива – вели д -р Фредерик Ото, помошник директор на Институтот за промени во животната средина на Универзитетот во Оксфорд.