„Животот е убав“ на сириски начин: Ја научил ќерка си да се смее секогаш кога ќе слушне бомба/ВИДЕО

170

Војните се ужасни само по себе, оставаат трајни последици. Трауми се јавуваат и кај децата и возрасните. Сириецот Абдула ал Мохамед, во намера барем малку да и го олесни детството на својата тригодишна ќерка Салва, ја научил да се смее секогаш кога ќе слушне експлозија на бомба.

Видеото кое е објавено на социјалните мрежи во кое се гледа како Салва реагира кога ќе слушне експлозија на бомба, многумина го споредија со филмот на Роберто Бенини „Животот е убав“, во кој еврејскиот татко го штити својот син од ужасите на нацистичкиот концентрационен логор.

„Барав решение бомбардирањето на детето да не му биде страшно. Ја научив дека тоа не е застрашувачко и дека треба да се смее. Салва мисли дека звуците на бомбите се всушност звуци на детски играчки“, изјавил Абдула за лондонски „Индипендант“. 

Абдула и неговата ќерка Салва моментално живеат во куќата на пријатели во градот Сармада вио идлиб, откако биле приморани да го напуштат својот дом поради војната во Сирија.