Животот е убав: Кој е најбогатиот Црногорец во друштвото на Македонец Жаре Бербер?

151

Мирановиќ речиси и да не славел Нова година во Европа. Досега, седум пати бил во Доминиканската Република, а шест пати во Мексико, и неколку пати на островот Маврициус….Парите ги има заработено откако купил фирма за медицински помагала.

-Треба да ја разбереме вредноста на животот, вака вели македонскиот шоумен Жаре Бербер, кој беше виден во друштвото на најбогатиот Црногорец, Брацо Мирановиќ. И тука нема ништо лошо, напротив.
Бербер сака убав живот, сака пари, сака убави жени околу него, сака да патува, да се зафркава и да запознава занимливи луѓе….а, кој па не сака? Мирановиќ е познат по тоа што од 2007 година живее во хотели. Тоа на многумина им е многу чудно. Но на Брацо таков му е стилот на живеење. Сака станови, и ако нема свој стан, предноста им ја дава на хотелите. Едноставно затоа што во хотелот сè му е средено, има редовно јадење, не мора на ништо да мисли.

Мора само се добро да плати, а тоа за него не е никаков проблем. Има доволно пари за луксузен живот. Мирановиќ речиси и да не славел Нова година во Европа. Досега, седум пати бил во Доминиканската Република, а шест пати во Мексико, и неколку пати на островот Маврициус….
Парите ги има заработено откако купил фирма за медицински помагала, кога работата одлично му тргнала.

Добар дел од годината, тој го поминува живеејќи во луксузните хотелски комплекси „Сплендид“, „Свети Стефан“, како и во монденското летувалиште Милочер.
Кога не е на море, тој е на копно, во Белград, и повторно во хотел, и тоа во супер луксузниот хотел „Хајат“. Останува и цел месец.                                                             Кога во тој белградски хотел правеле листа на гости кои најчесто ги посетуваат, Мирановиќ беше убедливо на првото место.
Има и една интересна случка врзана за Брацо и сопственикот на ТВ Пинк. Брацо, ладно го откачи Жељко Митровиќ кога овој му нудел 300.000 евра да влезе во реалното шоу „Задруга“. Ех, пусти пари, чуда прават. (Д.М.)