„Животот е прекрасен“ нова претстава на штипскиот Народен театар

55

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков и режисерот Бојан Трифуновски ја најавија новата театарска претстава „Животот е прекрасен“, трагикомедија, која ќе се работи според текст на Џо Лендри. Режисерот Трифуновски вели дека тестот е стар повеќе од 80 години, но е многу актуелен и забавен.

– Тоа е трагикомедија што се случува во реално време од 90 минути, вели Трифуновски.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ги повика актерите да се јават на аудицијата за претставата.

– Објавуваме аудиција за тековниот театарски проект „Животот е прекрасен“ во режија на Бојан Трифуновски, во Н.У. Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип. Ве известуваме дека аудицијата е отворена. Текстовите можете да ги подигнете од просториите на Дом на култура „Ацо Шопов“ – Штип од денеска до 3 септември. Сцената е ваша, вели Трајков.