ЖИВОТНИ ПАТОКАЗИ, ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Критичари

952

Преокупираноста со постапките и однесувањата на другите е знак за празно и површно живеење. Некои лица како да се опседнати од потребата да нурнат во туѓите животи и да бараат слабости кај лицата кои ги опкружуваат, наместо да се соочат со сопствените погрешни убедувања и да го хармонизираат својот живот.

Отсекогаш постоеле поединци кои се преокупираат со другите, тие не ги практикуваат сопствените вредности, туку тежнеат да го анализираат и критикуваат туѓото однесување, обидувајќи се да проникнат во сè што прават другите.

Прашањето е зашто се тие завидливи и од каде потребата за критички пристап?

Лицата кои постојано критикуваат и со своето однесување негативно прозрачуваат, навистина е мошне опасно и штетно да ги имаме во непосредна близина. Освен нервоза, немир и тензичност, тие ништо друго не можат да понудат. Ако сакаме да го задржиме духовниот мир, пожелно е да ги избегнуваме или уште подобро да не ги впиваме нивните негативни вибрации.

Веројатно немаат исполнет живот, не се водат од законот на афирмација, не се хранат од она што е позитивно и не го воздигнуваат тоа што е стимулативно, туку гледаат да пронајдат слабости и можеби да си докажат самите на себе дека се повредни од другите. А можеби и затоа што нивната ментална матрица е водена од принципот на негацијата, од отпорот и од неприфаќањето на сè што не се вклопува во нивниот поглед на свет. Затоа, често може да ги слушнеме како зборуваат: Не вреди другиот, ете што му се случува во животот; колку е слаб и неспособен да се справи со проблемите; види го/ја како неубаво изгледа итн.

Лицата кои постојано критикуваат и со своето однесување негативно прозрачуваат, навистина е мошне опасно и штетно да ги имаме во непосредна близина. Освен нервоза, немир и тензичност, тие ништо друго не можат да понудат. Ако сакаме да го задржиме духовниот мир, пожелно е да ги избегнуваме или уште подобро да не ги впиваме нивните негативни вибрации. Зашто, колку и да ги мотивираме и стимулираме кон позитивното, тие се преокупирани со потребата критички и песимистички да настапуваат. Тежнеат да бараат слабости и да се втурнуваат во туѓите животи, без притоа да го хармонизираат и креираат сопствениот живот. Повеќето од нив, не се задржуваат само на критиките, туку преку разни форми на негативно дејствување настојуваат да ги понижат и деградираат другите.

Што ги предизвикува луѓето да манифестираат негативна енергија, обвинувања и отпор кон туѓите вредности?

Во формирањето на личноста и во градењето на карактерот клучна улога играат: социјалната средина, едукацијата и искуствата со кои растеме во детството и младоста, како и вложувањето во личниот развој и свеста за препознавање и пропагирање на позитивните вредности на животот.  Клучот можеби се крие и во емоционалната и морална подлога, која кај поединците  кои константно негативно прозрачуваат е на мошне ниско ниво.

За да не се трошиме на психофизички план добро е да не се преоптоваруваме „зошто некој е таков каков што е“ и опсесивно да проникнуваме во туѓите мотиви. Постојат лица кои се определиле да одат рака под рака со негативизмот, така што колку и да се обидуваме да ја осознаеме причината за таквото однесување, нема целосно да ги склопиме коцките и да допреме до вистината.

Нашата првична задача е да ги препознаеме и воспоставиме сопствените вредности и самите за себе да станеме личности на позитивитетот.

Окупирањето со негативизмот на другите, нужно ќе нè навлече кон тоа што тие го сакаат – ментални борби, расправии и докажувања.

Нивната цел е ако тие нè критикуваат и ние да почнеме нив да ги критикуваме, ако тие кон нас фрлаат отровни стрели и ние со ист аршин да им возвратиме. Некои од нив велат: Кажи ми сè што мислиш за мене, па јас ќе ти кажам што мислам за тебе. Но, за разлика од позитивно определените поединци, негативците го владеат доменот на манипулацијата, критиката и отпорот и со својот код на размислување мошне лесно може да предизвикаат немир и тензија кај другите. Прашањето е зошто да се храниме со дисхармонична енергија и дали треба да им дозволиме на таквите единки да нè навлечат кон злото и негативните вибрации? Не треба, затоа е потребна дистанца! Тоа го укажувал и св. Климент Охридски, кој препорачувал да се тргаме од злото и да внимаваме на сè што може да нè оддалечи од патот на мирот и духовната хармонија. Впрочем, зошто да ја трошиме нашата енергија на негативците, да им враќаме за критиките, да бидеме во нивно присуство и да докажуваме кој е во право (посебно кога постојат можности за избегнување на контактот)?

Не можеме да им докажуваме на негативците, бидејќи тие се определиле лошо да прозрачуваат, да влегуваат во туѓите животи и да наоѓаат слабости кај другите.

Определбата да се види црното, да се изнесат на површина сите неубави нешта, да се наметне песимизмот и негативизмот, асоцира на една празнина на духот – на луѓе кои се сиромашни и во душата и во моралитетот. Тие не се водени од афирмацијата, од позитивното и од вредното, туку се окупирани од желбата да го забележат и предочат лошото.

Кај некои поединци отсекогаш постои потребата да се ѕирка низ прозорецот, за да се види или слушне што прави соседот; да се анализира однесувањето на роднината; да се навлезе во животот на пријателот (ако воопшто се искрени пријатели на тој што константно критички го опсервираат); да се обезвреди партнерот. Определбата да се види црното, да се изнесат на површина сите неубави нешта, да се наметне песимизмот и негативизмот, асоцира на една празнина на духот – на луѓе кои се сиромашни и во душата и во моралитетот. Тие не се водени од афирмацијата, од позитивното и од вредното, туку се окупирани од желбата да го забележат и предочат лошото. И како да ги промениме и мотивираме кон позитивното, доколку тие се структурирани во сè да „бараат влакно во јајцето“? Илузорно е да очекуваме дека би можеле да промениме нешто во нивните сфаќања, доколку тие самите не осознаат каде грешат и не почнат да работат на своите ментални слабости. Затоа подобро е да го гледаме и стабилизираме сопствениот живот, итајќи напред кон тоа што нè стимулира и поттикнува.

Сите ние треба да ја имаме на ум размислата на Фјодор Достоевски: „Ако си се упатил кон целта и по патот застануваш за да го гаѓаш со камен секое куче кое ќе залае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта“! Таквата постапка ќе предизвика да ја потрошиме целата енергија и да се опседнеме со поединци, кои можеби својата животна мисија ја наоѓаат во тенденцијата да прават разни пакости и да ги оддалечуваат луѓето од вистинскиот пат.

Треба да знаеме дека на овој свет егзистираат и индивидуи кои, поради личното незадоволство и емоционалните фрустрации, се определиле да му служат на злото и на негативните вибрации.

Ако сакаме да имаме мир и хармонија, не треба да им овозможиме да се инволвираат во интимната сфера на нашата личност, бидејќи тие на несвесно, а некои и на свесно ниво, се хранат со туѓата болка и копнеат другите да страдаат и доживуваат разни удари на судбината. 

Тие шират песимизам, критицизам и отпор кон сè што е неприфатливо за нивната личност најчести фрази им се: не вредиш; не можеш; од каде па ти тоа; зар ти ќе постигнеш нешто; не се обидувај, не се запишувај, не конкурирај; овој маж/жена не е за тебе итн. Значи, се работи за пристапување со „не“, за голем негативизам и за оддалечување од светлосната и афирмативна визија на животот. Во случајот, клучно е да си го поставиме прашањето: Како очекуваме да го постигнеме успехот и светлосната визија, ако дозволиме негативизмот да нè зафати и да паднеме во рацете на нечестивите личности?

За почеток, од суштинска важност е да станеме свесни дека постојат и луѓе на критицизмот, злото и негативноста. Ако сакаме да имаме мир и хармонија, не треба да им овозможиме да се инволвираат во интимната сфера на нашата личност, бидејќи тие на несвесно, а некои и на свесно ниво, се хранат со туѓата болка и копнеат другите да страдаат и доживуваат разни удари на судбината. Затоа, најдобро е да работиме на себеси, да не ја впиваме негативната енергија, да се определиме за оптимистичката животна визија и пред сè да го креираме позитивниот поглед на свет со цел да ни биде добро.

(авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)