Тенисот иако во минатото важеше за аристократски спорт и со него се занимаваа само оние финансиски помоќните, сепак со текот на годините ова се смени и сега и оние со помалку пари добија можност да заиграат на тенискиот терен. Токму затоа тенисот има две страни, онаа за која се пишува секој ден и онаа за која се пишува понекогаш од самите сведоштва на послабо рангираните тенисери и нивниот пат од еден до друг турнир.

Главната улога во оваа приказна ја има германскиот тенисер Дастин Браун, кој го искритикува Австриецот Домниник Тим заради неодамнешната изјава дека не планира да даде дел од своите пари во фондот за помош на послабо рангираните тенисери.

Тим изајви дека не го поддржува предлогот на Новак Ѓоковиќ да се донираат пари во фондот за помош на послабо рангираните играчи, односно за оние кои се под 150. место на АТП листата.

Моментно 239 играч во светот, кој е роден на Јамајка, остро му одговори на третиот светски рекет.

-Кога ја почнував кариерата во 2004 година живеев во камп – приколка, во кампови со парите кои ги заработував од шпанување на рекети за пет евра на другите играчи. Ако загубам во прво коло губам 117 долари, заради што морав да шпанувам рекети. Доколку оваа пандемија се случеше тогаш, јас ќе морав да ја завршам кариерата, истакна Браун.

На ова Гермаецот доби прашање од соиграчите дали некогаш им ги шпанувал рекетите на тенисерите против кој играл.

-Ако ми веруваа – да, ми ги даваа своите рекети и тие, кусо одговори Браун.