Жителка на Јоханезбург останала во шок:Пуштила вода од славина, а почнала да тече сина течност/ВИДЕО

298

Една жителка на Јоханесбург бил шокирана кога сина вода почнала да тече од нејзимата чешма во кујната и ги споделила фотографијата и видеото, кои оттогаш станале вирални на социјалните мрежи.

https://twitter.com/_ntombim_/status/1619958192192061440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1619958192192061440%7Ctwgr%5E23972a67eb1c597380f00c0c4b10177d86c608e3%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cdm.me%2Fzabava%2Fzanimljivosti%2Fvoda-za-strumpfove-odvrnete-slavinu-a-potece-sredstvo-za-pranje-prozora%2F

Се јавиле од водоводот на јужноафриканската престолнина и рекле дека ќе го истражат проблемот, а се посомневале дека сината боја е предизвикана од повисоко ниво на бакар.

„Ги испративме информациите од корисникот во нашата лабораторија, која ќе земе примероци и ќе ги видиме резултатите“, рече портпаролот на водостопанството, Пуленг Мопели.

 

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Јоханесбург, како и поголемиот дел од Јужноафриканската Република, со години има огромни проблеми со снабдувањето со вода за пиење, особено сега поради нискиот водостој во акумулациите.