Македонската поп-дива Калиопи, на својот инстаграм-профил објави видео од мажот за кој рече дека ѝ го разубавил денот, но и животот.

Жељко ја пее „Црно и Бело“ / фото: Инстаграм

Станува збор за српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој додека се возел на брод ја слушал нејзината песна „Црно и бело“.

„Овој голем господин, со големо срце и глас, а мој голем пријател, со овој поздрав ми го разубави денот, животот… И како човек да не биде среќен кога има вакви пријатели. Корона? Што? Молaм? Те сакам“ – напиша пејачката во описот.

Под објавата веднаш одговори и Жељко.

„Јас тебе те сакам многу“.