Пејачката не жали поради откажаниот настап, вели дека не и е до парите, има доволно заштедено да може комотно да живее. Единствено е разочарана во само некои од своите македонски колеги, кои сега фаќаат сеир!

Турбо фолк пејачката Сандра Африка требаше деновиве да има настап во нашиот Охрид, но поради коронавирусот тоj е откажан во последен момент. Оние што го кренаа својот глас, со и без причина, во зависнот од тоа кој како гледа на работите, можат сега да здивнат.

Ниту Африка ќе ја има во Охрид, ниту тие ќе бидат посреќни.
Пејачката не жали поради откажаниот настап, вели дека не и е до парите, има доволно заштедено да може комотно да живее. Единствено е разочарана во некои од своите македонски колеги, не во сите, кои како да фаќаат сеир поради нејзиниот откажан охридски концерт.

Како и да е жешка Африка за утеха на своите многубројни фанови во Македонија им праќа една жешка летна фотографија од базенот во куќата на нејзините пријатели.Порачува да се стрпат, дека веднаш после пандемијата, Охрид ќе биде прв град во кој (ќе) сака да настапи.
Дуле М.