Жена го убила сопругот кој дваесет години ја силувал, француската држава тужена дека не ја заштитила

160
Адвокатите што ја застапуваат жената која го уби својот очув кој потоа и стана сопруг, по 24 години насилство што започна кога тој ја силуваше на нејзини 12 години, преземаат правни активности против француската држава за „срамна небрежност“, откако тврдат дека властите не постапиле по извештаите дека била злоупотребувана.

Тимот за одбрана на Валери Бако соопшти дека е поднесена покана за одговорност до парискиот трибунал. Адвокатите на обвинетата истакнаа дека нејзините деца двапати отишле во полиција за да го пријават својот татко – кој предходно и бил очув на Бако – за вршење злоупотреба врз нивната мајка, но не било преземено ништо.

Првата полициска станица ги вратила децата назад, велејќи им дека „тоа не е нивна област“, ​​а втората ги одби, велејќи им дека „госпоѓата треба да дојде и самата да пријави“, овие се изјавите слушнати на сведочењата во судот оваа недела.

40-годишната Бако е обвинета за убиство на 61-годишниот Даниел Полет во 2016 година, додека тој ја проституирал на мажи на задните седишта од семејниот автомобил. Откако тој ја силувал, Бако го грабнала пиштолот што Полет го чувал во автомобилот и го застрелала во задниот дел на вратот. Таа им рече на истражителите дека се плаши за сопствениот живот и за животот на нивните четири деца, пишува Гардијан.