Жена во Јапонија по втор пат е позитивна на корона вирус

69

Кај жена која работела како туристички водич во Јапонија втор пат е утврден корона вирус, откако веќе еднаш била примена во болница за тоа, соопштија властите во Осака, што е прв ваков забележан случај во оваа земја, јавува Ројтерс.

Жената повторно е тестирана на вирусот кој по втор пат бил позитивен, откако почуствувала одредени симптоми поврзани со болеста.

Прв пат е тестирана кон крајот на јануари, а од болницата е пуштена по опоравувањето, на почетокот на февруари.

Во Јапонија се регистрирани 186 случаи на корона вирус, а до сега починаа седум заболени. Токио ги повика граѓаните да не се собираат во голем број, најавувајќи дека Олимписките игри ќе се одржат во градот.

Во Кина ваквите случаи каде лицата кои се излечени повторно е утврден вирусот се забележани неколку пати.

Од корона вирусот досега починаа повеќе од 2.700 луѓе, повеќето во Кина.

Извор: Ројтерс