Железна платформа поставена без одобрение на плоштадот кај Млечен ресторан

1861

Железна платформа  е непрописно поставена од страна на правен субјект на улицата „Анкарска“ број: 23. Тоа било утврдено по вчерашниот извршен вонреден инспекциски надзор, а по пријава од станари кај Млечен ресторан во Карпош. Инспекторите утврдиле дека за поставената железна платформа, правниот субјект немал одобрение и оти таа била поставена спротивно на Правилникот за користење на урбана опрема.

Од Инспекторатот на Град Скопје информираат дека е направен записник и оти сопственикот е задолжен во рок од три дена, железната платформа да ја отстрани и просторот да го врати во првобитна состојба.

Од Градот Скопје ја повикуваат Општина Карпош да подготви програма за урбана опрема за оваа микро локација, во дослух со станарите, за во иднина да не се случуваат вакви немили настани, а и за да се воведе ред во користењето на јавниот простор на овој плоштад.

Од Општина Карпош велат дека во координација со Градот ќе подготват Програма за урбана опрема за оваа микро локација, но и за „Лептокарија” и Порта Влае.