Жезус понуден на шпанскиот гигант

168

Освен на германскиот бундеслигаш Баерн (М), бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, за време на летниот преоден рок бил понуден на уште еден фудбалски гигант.

Како што информираат британските медиуми, брзоногиот напаѓач бил понуден и на шпанскиот гигант Реал (М). Иако станува збор за одличен напаѓач, челниците на „кралскиот клуб“ дале негативен одговор на понудата.